Skok
Личности и настани

Почина Боби Чарлтон

Замина 86 годишниот господин во копачки, славниот Sir Robert “Bobby” Charlton (роден на 11.10.1937). Веста ја соопшти Манчестер Јунајтрд, клубот кој Боби го носеше во своето

„Сер Боби Чарлтон беше херој за милиони луѓе, не само во градот Манчестер или во Велика Британија, туку и ширум светот, насекаде каде што се игра фудбал“, напишааа од неговиот поранешен клуб во официјалната информација.

Како новинар на Неделниот спортски магазин СКОК, во декември 1995 година за време на Final Draw EURO England 1996, направив ексклузивно интервју со Боби Чарлтон кое ќе биде посебна тема во една од нареднитд емисии на нашиот Youtube канал. Фотографијата што ја гледате датира токму од тој настан.

Боби Чарлтон играше за “црвените ѓаволи” од 1956 до 1973 година. Одигра 758 натпревари најмногу покрај клупските легенди Џорџ Бест и Денис Ло со кои

го предводеше Манчестер Јунајтед до титулата европски шампион.

Тој е еден од најзаслужните за титулата светски првак на Англија освоена на “мондијалот” кој го одигра на домашен терен во 1966 година.

Чарлтон е еден од деветте фудбалери кои имаат освоено Светско првенство, Лига на шампиони и Златна топка.

Поврзани вести

SUPERCUP SKOPJE 2017 – ДОКАЗ ДЕКА МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ БИЛА ФУДБАЛСКА ПРОВИНЦИЈА

Goran Kotevski

Џуд Белингем – меѓу победата и парите …!!!

Mijalce Durgutov

Детето од Вијареџо

Mijalce Durgutov
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok