Skok
Личности и настани

30 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ НАТПРЕВАР НА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Според најавите од ФФМ, а за кое бев директно информиран и поканет на прославата, Фудбалската федерација на Македонија ќе ги собере на едно исто место сите актери на првиот историски натпревар на македонската фудбалска репрезентација.

Станува збор за мечот Словенија-Македонија (1-4) одигран во Крањ, Република Словенија …

На едно исто место: селекторот Андон Дончевски, тренерот Никола Илиевски-Џиџи, секретарот на репрезентацијата Слободан Несторовски-Мајсторот … Спортските новинари и фоторепортери кои известуваа од натпреварот …

Репрезентативците Канатларовски, Станојковиќ, Најдоски, голманите Лазо Липоски и Зоран Цветановски, Зоран Бошковски – Чоко, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски, Кире Грозданов, Свето Станковски, Митко Стојковски, Бобан Бабунски, Чеде Јаневски, Дарко Панчев, Љупчо Марковски, Зоран Јовановски, Марјан Стојкоски, Виктор Ефтимов …

Во таа чест неколку фотографии од мојата лична архива, а поврзани со директните учесници и луѓето кои придонесоа за тој историски натпревар …

Дел од имињата: Гоце Христовски – покоен („Искра Турс“), Јово Никушев, селектор на Младата репрезентација (под 21 година), Часлав Божиновски – покоен, државен капитен на репрезентацијата, економот Ане Велевски …

Поврзани вести

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА / Четврт-век вардарови „лудории“ (втор дел)

Mijalce Durgutov

НЕ СУМ ВИДЕЛА ВРЕЌА СО ПАРИ ДА ПОСТИГНЕ ГОЛ …!!!

Natasa Petrovska Durgutov

Мијалче Дургутов гостин на Спорткаст во „Слободен печат“

Mijalce Durgutov
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе