22.05.2023 by Natasha Petrovska Durgutov
(антологиска изјава на Јохан Кројф која го објаснува триумфот на Вардар)
Емоциите донесени од Кавадарци не стивнуваат …
Срцето е полно со радост исто како од времето на најголемите успеси на клубот со кој живеам од минатиот век …
Со Вардар сум била во живо против Раднички Ниш кога испаднавме од Првата YU лига, со Трепча кога се вративме назад. Во Ниш кога станувавме шампиони, со Динамо Букурешт и Данди Јунајтед во Купот на УЕФА, со Порто во Купот на шампионите.
За Вардар сум пишувала и известувал кога ги редеше титулите во првите државни шампионати на Република Македонија.
За неговите настапи сум известувал од разни точки на земјината топка. Со фудбалерите делев 7 дена во Батуми (1995). Со комитите со денови кај Владо Чивас седевме со Перо Старото, Шиц, Драгче, Гого …
Во соблекувалната на Вардар од времето на Ѓоко, Змија и Истатов влегував како дома …
Има уште многу дешавки …
Но, но … !!! Сега, од февруари 2023 година, па наваму … Е, тие денови со Вардар се моето нешто најемотивно поврзано со црвено-црната боја …

Од промашениот пенал против Арсими и ремито (1-1) на Автокоманда, до баражот против Скопје и комитската песна за Прва лига во Кавадарци, бевме со Вардар.
Затоа, сега, во периодот што доаѓа, за Бобан, за Бајо, за сите кои беа во стручниот штаб, за Гача, за секретарот Коко … за сите фудбалери на оваа генерација од Глишиќ и Мишковски, преку Јусуфи и Размоски, до Десниќ и Жоглев – ние како Продукција СКОК ќе направиме мини-документарен филм.
Ќе го преведеме (титлуваме) на англиски и како таков ќе остане во светската фудбалска антологија со наслов во контекст на нашата емисија “5-та димензија во спортот”:
Или
“Не се сеќавам дека вреќа пари постигнала гол” (Јохан Кројф).
Поздрав до сите црвено-црни рицари кои ги носиме во срце …