Skok
Личности и настани

Џуд Белингем – меѓу победата и парите …!!!

Mijalche Durgutov 10.05.2024

Фудбалот е магија. Чудна магија. Гледаш – не веруваш …!!! Тоа се потврди со два натпревари – еден од Лигата на шампионите (Реал Мадрид-Баерн Минхен 2-1) и еден од Лигата на Европа (Баер Леверкузен-Рома 2-2).

И после два дена се уште се коментира како Реал Мадрид се извлече против Баерн Минхен. Спорната офсајд-ситуација (90+ минути) кога Баерн Минхен постигна гол после кренато знаменце на помошниот судија (акцијата беше во тек), односно по свирката на главниот судија Марчењак – ќе се прераскажува уште долго, долго …

Ден потоа, Баер Леверкузен и Рома одиграа неверојатен натпревар во кој римјаните како гости водеа со 0-2 (со што го израмнија вкупниот резултат на 2-2 по поразот во Рим), а Германците постигнаа гол во 82 минута (1-2), па израмнија 90+7 минута на 2-2.

До тука е за фудбалот како магија и игри. За головите, навивачите, ТВ-гледачите …

Сега малку и за – парите …!!!

Според пропозициите и правилникот за награди на УЕФА, европската куќа на фудбалот предвидува награда од 20 милиони евра за победникот во финалето на Лигата на шампионите. Со други зборови, кој ќе победи на лондонскиот Вембли (01 јуни-сабота) ќе ги добие овие пари. И, до тука ништо не е спорно.

Дилемата настанува кога ќе го отворите договорот меѓу двајцата финалисти – Реал Мадрид и Борусија Дортмунд – околу трансферот на Џуд Белингем. Имено, младиот Англичанецот ланското лето премина од Дортмунд во Мадрид и во тоа договарање (надвор од сите други пари кои биле во игра) стои топ клаузула која итрите челници на клубот од Дортмунд ја смислиле и успеале да ја вметнат во договорот.

Имено, во тој дел пишува дека „кралевите“ ќе треба да исплатат дополнителни 25 милиони евра на Борусија Дортмунд, доколку ја освојат Лигата на шампионите со Џуд Белингем во нивниот состав во наредните 5 години.

И, сега, математиката вели вака:

  • доколку Борусија Дортмунд победи во финалето ќе заработи 20 милиони евра од УЕГФА;
  • доколку Борусија Дортмунд загуби во финалето ќе добие 25 милиони евра од победникот Реал Мадрид во име на трансферот на Џуд Белингем;

Тоа е магијата на фудбалот од агол на парите. Но, истовремено, ова е интересно за играчите во обложувалниците … На кого сега да се типува …!!!???

 

Поврзани вести

Мијалче Дургутов гостин на Спорткаст во „Слободен печат“

Mijalce Durgutov

НЕ СУМ ВИДЕЛА ВРЕЌА СО ПАРИ ДА ПОСТИГНЕ ГОЛ …!!!

Natasa Petrovska Durgutov

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА / Четврт-век вардарови „лудории“ (прв дел)

Mijalce Durgutov
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok