Во гласањето на селекторите, капитените и спортските новинари од членките на ФИФА, Ерлинг Халанд имаше ист број гласови како Лионел Меси, но пресуди правилото според кое гласот на капитените на репрезентациите тежи повеќе.
На свеченоста одржана во Лондон (15.01.2024) Светската интернационална фудбалска асоцијација (FIFA) ги прогласи најдобрите во својот традиционален избор „The Best“.
Во оваа гласање учествуваат селекторите и капитените на националните тимови и по еден спортски новинар од секоја држава членка на ФИФА.
Во гласањето Ерлинг Халанд и Лионел Меси имаа ист број добиени бодови (се гласа за прв, втор и трет во различни категории), но пресуди гласањето на капитените кои во својот избор му дадоа поголем број на прво место на Меси.
Во тој избор моите гласови, како единствен претставник на спортските новинари од Македонија, беа доделени на Ерлинг Халанд (прв), Кевин де Бруине (втор) и Марсело Брозовиќ (трет).
Лично не му дадов глас на Меси бидејќи во номинацијата не беше ставен неговиот успех на Светското првенство во Катар 2022, односно освоената титула светски првак не беше номинирана за гласање во изборот.
Кај тренерите моите гласови отидоа за Пеп Гвардиола (прв), Симоне Инзаги (втор) и Чави (трет).
Еве го комплетниот избор на македонските претставници:
Најдобар фудбалер
Мијалче Дургутов – новинар:
1. Ерлинг Халанд
2. Кевин де Брујне
3. Марсело Брозовиќ
Благоја Милевски – селектор:
1. Ерлинг Халанд
2. Хулијан Алварез
3. Родри
Енис Барди – капитен:
1. Ерлинг Халанд
2. Килијан Мбапе
3. Лионел Меси
Најдобар тренер
Мијалче Дургутов – новинар:
1. Пеп Гвардиола
2. Симоне Инзаги
3. Чави
Благоја Милевски – селектор:
1. Пеп Гвардиола
2. Симоне Инзаги
3. Лучијано Спалети
Енис Барди – капитен:
1. Пеп Гвардиола
2. Чави
3. Симоне Инзаги