Раководството на Фудбалската федерација на Македонија најави воздржани медиумски активности на репрезентација пред гостувањето во Лихтенштајн.
Одлуката е донесена како почит кон жртвите и настраданите од трагичниот настан во Кочани кој ја зави Македонија во црно.
Во таков тон и координација на селекторот Благоја Милевски и репрезентативците се одвиваше и денешниот собир во Скопје на стартот на подготовките за двата квалификациски натпревари против Лихтенштајн (22 март) и против Велс (25 март) во циклусот квалификации за СП 2026.
Одложени се и пријателските натпревари на репрезентацијата на Македонија (под 16 години) против селекцијата на Естонија кои требаше да се одиграат во Скопје.