Наташа Петровска Дургутов
Реал Мадрид е блиску до ново полуфинале во Лигата на Шампионите откако во првиот четвртфинален натпревар славеше со 2-0 против Челси. Одличен натпревар во „кралскиот“ дрес одигра Винисиус Џуниор кој беше асистент на двата гола.
Бразилскиот интернационалец по натпреварот беше импресиран од добрата игра на неговиот тим, а говореше и за иднината каде се спореди со Хрватот Лука Модриќ.
„Игравме одлично и мислам дека ова за нас беше еден од најдобрите натпревари во сезоната. Сепак ни останува реваншот во Лондон и таму мораме да бидеме со ладни глави“, вели Бразилецот кој потоа додаде:
„Сакам уште долго да бидам во Реал Мадрид. Сакам да освојам многу трофеи како Модриќ и Бензема. Тоа ми е главната преокупација. Сите кои настапуваат за Реал Мадрид знаат дека настапот во Лигата на Шампиони е нешто посебно“.