Наташа Петровска Дургутов
Интер одигра 3-3 со Бенфика, но поради победата од 2-0 во Лисабон обезбеди полуфинале во Лигата на шампионите. Во полуфиналето на Лигата на шампионите, Интер го чека дерби двомеч со големиот ривал Милан.
Тренерот на поразената екипа Роџер Шмит беше лут на прес-конференцијата по мечот, а повторно во фокусот беше ВАР.
„Нашата статистика е многу добра, на гости и дома. Изгубивме минатата недела, но покажавме дека веруваме во себе, дека сме храбри, амбициозни. Нашата ДНК е таква! Секогаш се трудиме да победуваме, не се обидуваме да избегнеме пораз. Се работи за проактивен пристап, ако така почнеме имаме поголеми шанси за победа. Што се однесува до тоа што не погодивме на „Луж“, тоа е што е. Бевме изедначени на два натпревари. Не сме задоволни од арбитражата, и денеска имаше чист пенал за нас, не ми е јасно зошто ВАР не го повика судијата. Така беше и минатата недела. Што се однесува до мене – укинете го ВАР. Ова веќе нема смисла!“, рече Шмит.