Наташа Петровска Дургутов
Екипата на Струга Трим Лум ја освои титулата во македонскиот фудбалски шампионат за првпат во историјата и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, каде поради слабиот коефициент ќе биде меѓу неносителите.
Веќе се наѕираат противниците на стружани, а меѓу нив има навистина звучни имиња кои може да бидат ривали во првата квалификациска фаза. Од оние кои се засега, а недостасуваат уште три имиња, само еден е поволен.
Како најповолен од сите може да се потенцира тимот на Флора Талин од Естонија, иако естонскиот клуб во историјата имаше двомеч со Работнички и го елиминира. ТНС од Велс не може да се нарече како таков ако се земе предвид изданието со Шкендија од пред некоја година, слично е и со Шамрок Роверс од Ирска, кој го надигра Шкупи. Останатите имиња се чекори напред во однос на македонските фудбалски услови.
Потенцијални противници на Струга:
Ференцварош (Унгарија), Карабах (Азербејџан), Слован (Словачка), БАТЕ (Белорусија), Астана (Казахстан), Жалгирис (Литванија), ХЈК (Финска), Флора (Естонија), Шамрок (Ирска), ТНС (Велс), плус шампионите на Турција, Израел и Бугарија.
Има уште три слободни места, за нив играат Олимпија (Словенија), Зрињски (БиХ), Линколн (Гибралтар), но се ќе зависи од шампионатите во Молдавија, Кипар и Романија од каде исто веројатно ќе имаме носители.
Струга е со најслаб коефициент од сите учесници во квалификациите за Лигата на шампионите, има коефициент 1,100.