Skok
ФудбалФудбал низ светот

Пеле доби улица во Рио де Женеиро

Наташа Петровска Дургутов

Една од авениите во Рио де Женеиро ќе го носи името на прославениот бразилски фудбалер Пеле, одлучија градските власти.

Како што јавија локалните медиуми, дел од патот „Авенида Радиал Оесте“ (Avenida Radial Oeste), долг 1.4 километри во близина на стадионот „Маракана“ ќе го носи името Авенија на кралот Пеле(Avenida Rei Pele).

Пеле почина од рак минатиот четврток на 82-годишна возраст и по тридневна национална жалост и по 24-часовно бдеење на стадионот на неговиот долгогодишен клуб Сантос, трикратниот светски првак беше погребан во вторникот.

На стадионот „Маракана“ во близина на авенијата, која ќе го носи неговото името, Пеле во 1969 година го постигна 1.000 гол во својата кариера.

На истиот стадион во 1971 година се збогува од бразилската репрезентација на пријателски натпревар против поранешна Југославија.

Поврзани вести

Де Лаурентис пораќува: Догодина ќе ја освоиме и Лигата на шампионите …!!!

Natasa Petrovska Durgutov

По 13 години Интер во финалето на Лигата на шампионите …!!!

Mijalce Durgutov

Лионел Меси со најмногу гласови во изборот на „The Best“ за 2022 година

Mijalce Durgutov
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok