Skok
ФудбалФудбал низ светот

Оваа сезона во Премиер – лигата паднаа најмногу тренерски глави во историјата

Мијалче Дургутов

Англиската Премиер – лига го собори рекордот по бројот на сменети менаџери во една сезона. Ова се случи откако Лестер вчера попладне се раздели со Брендан Роџерс, а Челси вечерта го отпушти Грем Потер. Со ова, вкупниот број на промени на менаџерите во премиерлигашките клубови се искачи на 13.

Интересно е што Грем Потер двапати се појавува на списокот – еднаш откако замина од Брајтон во Челси, и сега кога беше ослободен од „Стемфорд бриџ“.

Пред оваа сезона, рекордот беше 10 промени.

Роџерс ги напушти „лисиците“ по поразот од Кристал Палас, а Потер доби отказ по поразот од Астон Вила.

Тотенхем и Конте се разделија по очигледно недоразбирање меѓу менаџерот и дел од играчите. Првиот менаџер сменет во текот на сезоната беше Скот Паркер, кој беше ослободен од Борнмут на крајот на август минатата година.

Поврзани вести

ВАРДАР Е ПОСИЛЕН ОД ХАЈДУК …

Natasa Petrovska Durgutov

Пеле доби улица во Рио де Женеиро

Natasa Petrovska Durgutov

SUPERCUP SKOPJE 2017 – ДОКАЗ ДЕКА МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ БИЛА ФУДБАЛСКА ПРОВИНЦИЈА

Goran Kotevski
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok