Светската фудбалска асоцијација (FIFA) официјално го објави наградниот фонд за првото Светско клупско првенство кое ќе се одигра во САД (15 јуни – 13 јули) кој изнесува фантастични една милијарда долари. Оваа сума на пари ќе биде поделена меѓу 32-те екипи кои ќе учествуваат на турнирот во САД.
Од наградниот фонд 525.000.000 долари ќе бидат распределени само за учество на 32-та клуба, додека преостанатите 475.000.000 долари ќе се делат во зависност од постигнатите резултати на секој клуб посебно.
Дополнителни 250 милиони долари во форма на солидарни исплати ќе добијат клубови кои нема да бидат дел од ова издание на натпреварувањето.
Кој колку ќе заработи, односно како ќе се делат парите?
Заработката зависи исклучиво од постигнатите резултати. За победа во осумте групи (составени по 4 екипи) се добива по два милиони долари, додека нерешениот исход носи по еден милиони на двете екипи.
Пласманот во осминафиналето (се квалификуваат по две екипи од секоја група) им носи на екипите по 7.500.00 долари. Пласманот во четвртфиналето ќе им донесе по 13.125.000 долари.
Пласманот во полуфиналето носи дополнителни 21.000.000 долари за секој од четирите полуфиналисти.
Победникот во финалето добива 40.000.000 долари, а поразениот ќе добие 30.000.000 долари.
Дополнителни 250 милиони долари во форма на солидарни исплати ќе добијат клубови кои нема да бидат дел од ова издание на натпреварувањето.