Skok
Личности и настани

Мијалче Дургутов гостин на Спорткаст во „Слободен печат“

Серијал на youtube каналот “Спорткаст” со уредникот-водител Стефан Крстески

Фудбалска приказна почната на песокот покрај реката Брегалница во Штип, новинарски продолжена во Скопје, со мирис на 9-те мои Светски фудбалски првенства.

Еве ја најавата на Youtube каналот

Понеделник, 02 јуни, 20,00 часот.

https://www.youtube.com/watch?v=yFmFcoSUqJI&t=68s

Гостин во најновото издание на СПорткаст со Стефан е спортскиот новинар Мијалче Дургутов. Со Дургутов разговаравме за неговото детство, љубовта кон фудбалската игра, неговите почетоци во новинарството.

Дургутов иако е роден штипјанец, е голем фан на Вардар, па неизбежно беше, а да не го прашаме од каде таа љубов кон скопската гордост.

Мијалче Дургутов меѓу македонските новинари го држи приматот кога се во прашање известувањата од Светските фудбалски првенства. Неговиот пат на Светските првенства стартува во Италија 1990, па продолжува во САД 1994, Франција 1998, Јапонија и Јужна Кореја 2002, Германија 2006, Јужна Африка 2010, Бразил 2014, Русија 2018, па се до Катар 2022, а веќе е на пат да биде акредитиран за „мондијалот“ во Мексико, САД и Канада кое е на програмата 2026 година.

Содржина по минути:

00:00 – Детството во Штип
09:00 – Фудбалски младински репрезентативец
11:30 – ФК Брегалница
17:20 – Трансфер во Плачковица
21:22 – ФК Кежовица
24:30 – Почетоците во новинарството
26:30 – „Конкурирав за работа во Нова Македонија“
30:00 – „90 дена по ред пишував за спорт и економија“
33:40 – За Балкан Стококомерц-„Тајфунот од Чаир“
35:20 – „Фуфо од кожна торба извади пари и ме испрати на Мундијалот 1990-та“ 40:00 – Еден од натпреварите на Вардар-Пелистер известувавме од клупите за резерви
43:20 – Првиот натпревар на македонската репрезентација во Крањ
48:14 – За Чичко Дончо
56:25 – „Вардар во 90-тите доживеа големи неправди, со Ѕинго стигнавме и до тужби“
01:02:30 – За љубовта кон ФК Вардар
01:05:00 – „Виза за САД добив благодарение на весниците и шише ракија“
01:10:00 – „Му правев интервју на Стоичков во авион“
01:14:20 – „Од првиот до последниот натпревар известував од СП во Франција 1998“ 01:20:40 – За СП во Јапонија и Јужна Кореја 2002
01:28:58 – „Бев сведок на инцидентот меѓу Зидан и Матераци“
01:31:30 – „На Мундијалот во Јужна Африка секаде се шетав со вооружено обезбедување“
01:44:10 – „Мундијалот во Бразил ми го оствари детскиот сон“
01:48:15 – „Далиќ и Модриќ ја поздравија Македонија на прес-конференција на СП во Русија“
01:50:23 – СП во Катар
01:55:50 – Подготовки за Мундијалот 2026
01:58:20 – Кој е најдобриот тим на Дургутов на Светските првенства?

02:02:10 – За Првата македонска фудбалска лига

https://www.youtube.com/watch?v=yFmFcoSUqJI&t=68s

 

 

Поврзани вести

Џуд Белингем – меѓу победата и парите …!!!

Mijalce Durgutov

SUPERCUP SKOPJE 2017 – ДОКАЗ ДЕКА МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ БИЛА ФУДБАЛСКА ПРОВИНЦИЈА

Goran Kotevski

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА / Четврт-век вардарови „лудории“ (втор дел)

Mijalce Durgutov
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok