20.11.2023 by Natasha Petrovska Durgutov
Додека ја чекаме вечерва Англија на новата трева во Скопје, квалификациите создаваат “Гужва пред гол” … !!! Во прашање е play-of за трите последни места кои водат на завршницата на EURO Germany 2024.
Македонија, за жал, по неуспехот во Лигата на нациите испадна од оваа трка.
Во оваа гужва се следните 12 репрезентации – победници во своите групи во Лигата на нациите или најдобро пласирани во групите каде пред нив биле репрезентации кои преку редовните квалификации веќе обезбедиле пласман на завршницата на EURO 2024.
Барабан “А”:
Полска, Велс, Естонија и една од трите репрезентации Финска, Украина и Исланд.
Барабан “Б”:
Изреал, БИХ и два тима од Финска, Украина и Исланд.
Барабан “Ц”:
Грузија, Грција, Казахстан и Луксембург.
Се игра полуфинале и финале меѓусебно од еден ист барабан. Трите репрезентации победници патуваат на EURO 2024.
Полуфиналните натпревари се закажани на 21.03.2024, а финалните на 26.03.2024 година.
Потсетување:
македонската фудбалска репрезентација токму преку вакви play-of натпревари обезбеди пласман на EURO 2020/21. Тогаш ги елиминиравме Косово (полуфинале во Скопје) и Грузија (финале во Тбилиси).