Skok
Светско клупско првенство 2025

Европа против Бразил во Америка …!!!

Европа против Бразил – ништо ново на светската фудбалска карта. Петте титули светски првак, Бразилците ги потврдуваат сега со четири екипи во 1/8-финалето на првото историско Светско клупско првенство САД 2025 година.

Досегашниот скор во триумфите на “мондијалите” е 12-10 за Европа. Петте од 10-те освоени од Јужноамериканците му припаѓаат на Бразил. Кај Европјаните водат Германија и Италија со по 4 освоени титули како светски првак.

Веројатно, сега се прашувате: Каква врска има сега ова со “клупскиот мондијал”…???

Е, има, да си знаете …!!!

1) Палмеирас – Ботафого

2) ПСЖ – Интер Мајами

3) Бенфика – Челзи

4) Фламенго – Баерн М

5) Интер – Флуминезе

6) Борусија Д – Монтереј

7) Манчестер С – Ал Хилал

8) Реал М – Јувентус

Од овие 16 клубови (9 од Европа и 4 од Бразил) еден ќе биде првиот светски клупски првак во 120 годишната историја на FIFA. Мексиканскиот Монтереј, Ал Хилал од Саудиска Арабија и домашниот (американски) Интер Мајами се само убав декор во друштвото на шампионите.

Во 1/4-финалето е извесен еден дуел меѓу Бразил и Европа. Тоа ќе бидат победниците од дуелите Палмеирас/Ботафого-Бенфика/Челзи.

ПСЖ (откако ќе го помине Интер Мајами со Меси) ќе игра против победникот од Фламенго/Баерн Минхен (мислам дека Баварците ќе бидат тие).

Манчестер Сити ќе го помине Ал Хилал и ќе се судри со Интер Милано кој би требало да биде подобар во судирот со Флуминезе.

Победникот од Реал М/Јувентус може да има (условно кажано) најлесен противник во 1/4-финалето бирајќи меѓу Борусија Дортмунд и Монтереј.

Врти-сучи, ми се чини дека пехарот за првиот победник на World Club Cup 2025 ќе патува за Европа.

Останува да видиме дали тоа ќе биде Шпанија, Англија, Италија Франција или Германија. Еден од “големата евро-петка”, нели?

Поврзани вести

Џани Инфантино и „Сонот на ФИФА“ …!!!

Mijalce Durgutov

Милијарда долари награден фонд за првото светско клупско првенство

Mijalce Durgutov

Почнува првиот историски Светски клупски мондијал …!!!

Mijalce Durgutov
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok