ФИФА официјално го круниса најдобриот фудбалер во 2024 година. Во гласањето и иизборот на ФИФА „The Best“ победи Винициус Жуниор. Во оваа гласање учествуваа селекторите и капитените на сите 208 членки на ФИФА и по еден спортски новинар – претставник на земјите членки на ФИФА.
Од Македонија, годинава таа чест ја имаа Благоја Милевски, Енис Барди и Мијалче Дургутов. Во нивното гласање селекторот и капитенот го утнаа најдобриот фудбалер во машка конкуренција, додека Дургутов гласаше без грешка, односно ги погоди сите добитници во поединечните конкуренции (со исклучок на голман во женска конкуренција).
Еве ги гласовите на нашите претставници:
Гласовите на Мијалче Дургутов:
- Винициус Жуниор
2. Родри
3. Дани Карвахал
Гласовите на Благоја Милевски:
- Дани Карвахал
- Џуд Белингем
- Родри
Гласовите на Енис Барди:
- Родри
2. Винициус Жуниор
3. Ерлинг Халанд
Винициус Жуниор заврши на првото место со 48 освоени поени, пред Родри 43 поени. Третопласиран е Џуд Белингем со 37 поени, пред Дани Карвахал со 31 поен.
Винициус доби 438 поени од тренерите, 617 поени од капитените и 538 поени од новинарите и победи доминантно со 1,147,276 поени, пред Родри со 264,835 поени.
Кога се работи за тренерите, гласовите беа следните:
Гласовите на Мијалче Дургутов:
- Карло Анчелоти
2. Луис Де Ла Фуенте
3. Чаби Алонсо
Гласовите на Благоја Милевски:
- Карло Анчелоти
2. Луис Де Ла Фуенте
3. Чаби Алонсо
Гласовите на Енис Барди:
- Чаби Алонсо
2. Карло Анчелоти
3. Пеп Гвардиола
Кај дамите, за Македонија гласаа селекторот Александар Андов и капитенката Наташа Андонова и спортскиот новинар Мијалче Дургутов. За најдобра фудбалерка избрана е Аитана Бонмати која ги победи Барбра Банда и Каролин Грахам Хансен.
Гласовите на Мијалче Дургутов:
- Аитана Бонмати
2. Она Бетл
3. Линдзи Хоран
Гласовите на Александар Андов:
- Луси Бронз
2. Линдзи Хоран
3. Салма Парауељо
Гласовите на Наташа Андонова:
- Каролин Грахам Хансен
2. Аитана Бонмати
3. Мариона Калдентеј
За најдобар тренер во женска конкуренција избрана е Ема Хајс. Еве како гласаа нашите репрезенти.
Гласовите на Мијалче Дургутов:
- Ема Хајс
2. Џонатан Гиралдез
3. Герет Тејлор
Гласовите на Александар Андов:
- Џонатан Гиралдез
2. Герет Тејлор
3. Ема Хајс
Гласовите на Наташа Андонова:
- Џонатан Гиралдез
2. Ема Хајс
3. Елена Садику
Гласањето за најдобрите во светскиот фудбал отсекогаш предизвикувало внимание во јавноста. Оваа историја датира од средината на 50-те години. Историски гледано, водечките индивидуални награди во асоцијативниот фудбал беа Златната топка и наградата на ФИФА за најдобар играч на годината. Оригиналната „Златна топка“, позната и како Европски фудбалер на годината, ја доделуваше француската публикација „Франс Фудбал“ од 1956 година.
Од 2005 година, победниците на Златната топка и наградата на ФИФА за играч на годината во светот беа идентични секоја година. По воведувањето на глобалниот формат на „Златната топка“ во 2007 година, „Франс Фудбал„ и ФИФА одлучија да ги спојат двете награди. Создавањето на Златната топка на ФИФА потоа беше објавено за време на Светското првенство на ФИФА 2010 година во Јужна Африка. Инаугуративната награда беше доделена истата година на Аргентинецот Лионел Меси.
По шестгодишно партнерство, Франс Фудбал и ФИФА ја раскинаа заедничката награда. Лионел Меси ја доби последната Златна топка на ФИФА во 2015 година. За историски цели, двете тела за доделување ги сметаат шесте изданија (2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015) на Златната топка на ФИФА како продолжение на нивните соодветни награди.
Изборот на ФИФА „The Best“ почна во 2016 година и годинава е 9-ти по ред. Спортскиот новинар Мијалче Дургутов е единствениот од Македонија кој гласал на сите досегашни девет избори.
КРАТКА ИСТОРИЈА НА НАГРАДАТА
ФИФА и магазинот Франс Фудбал оваа награда од 2010 до 2015 година ја доделуваа заедно под името „Ballon d’Or“.
Но, во 2015 година дојде до прекин на соработката и ФИФА оваа награда сега ја доделува самостојно под името „The Best“.
Традицијата на изборот „The Best“ почна во 2016 година.
Мијалче Дургутов гласа на сите досегашни девет избори.
Селектори:
Игор Ангелевски Мрме (2016,2017,2018,2019,2020)
Благоја Милевски (назначен селектор 01.08.2021)
Гласал во 2021,2022,2023 и 2024
Капитени:
Горан Пандев (2016,2017,2018,2019,2020)
Стефан Ристовски гласал 2021, 2022
Енис Барди гласал 2023, 2024