Skok
Личности и настани

Црвена звезда за настраданите во Кочани

Како акт за помош на настраданите во огнената стихија во Кочани, Генералниот директор на белградска Црвена Ѕвезда Звездан Терзиќ и Извршниот директор на скопски Вардар Миленко Неделковски, вечерва се договорија двата клуба да одиграат хуманитарен натпревар во Скопје на 16-ти април.

Сите средства собрани од влезници и спонзори ќе одат за семејствата на настраданите во огнениот пекол во Кочани.

Натпреварот ќе се игра во ноќен термин под рефлектори.

ФК Вардар изразува огромна благодарност до големите фудбалски пријатели и нивната армија од навивачи за овој бескрајно голем хуман потег.

Двата клуба договорот ќе го потпишат во текот на утрешниот ден.

Исто така изразуваме голема благодарност до легендата на Вардар и Црвена Ѕвезда Илија Најдоски, со чие посредништво е овозможен овој спектакл.

(пренесено соопштение од официјалната интернет страница на ФК Вардар АД Скопје https://www.fcvardar.com/ објавено на 17.03.2025 година)

 

Поврзани вести

Дургутов без грешка – Милевски и Барди ги утнаа најдобрите

Mijalce Durgutov

Распишана потерница по Мохамед Бин Хамам

Natasa Petrovska Durgutov

30 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ НАТПРЕВАР НА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Mijalce Durgutov
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok