Денес (06 август), 2023 Господово лето, прволигашкиот фудбал повторно ќе биде обоен со црвено-црната боја. Вардар ќе ја почне својата прволигашка сезона 2023/2024 година. Гостуваме во Струмица на новиот фудбалски бренд, Брера (попознат како ФК Академија Пандев).
Пред почетокот на сезоната 2-3 работи се јасни:
1) вардаровите навивачи ќе бидат убедливо најбројни, со здрава конкуренција единствено од штипската “Фаланга”. Другите клубови си имаат свои верни навивачи, искрени и лојални, но со далеку помала бројка;
2) Вардар ќе го води вториот (по возраст) најмлад тренер во лигата, помлад од нашиот е само тренерот на ФК Тиквеш;
3) за нас ќе играат 3-4 играчи (со голманот) кој пред шест сезони играа за Вардар во групната фаза на Лигата на шампионите. Само по себе квалитет за добри резултати.
4) Комитите го зацврстуваат својот челичен лост поставен меѓу второлигашкиот и прволигашкиот мост, газат со строев чекор по тој мост и даваат реална верба дека клубот е стабилизиран и ситно брои до подобри (финансиски) денови;
Дали Вардар може да ги гледа другите 11 клубови со очите наведнати надолу? Може ли да седне на врвот со својот бодовен збир? Ќе биде ли лидер како што традицијата му налага?
Ќе видиме, ќе видиме … Караванот допрва тргнува. Црвено-црната камила има висока грба за да го покаже транспарентот:
ВАРДАР ЗАСЕКОГАШ …