Skok
Личности и настани

All-Star Ракомет: Легендите на сцена во Скопје

Соопштение за јавноста

Во Скопје собир на најголемите ракометни ѕвезди од Македонија и Европа!

„All-Star Ракомет: Легендите на сцена“ во Скопје

„Легендите на сцена“ – ракометен спектакл каков што Македонија одамна не видела

На 29 октомври 2025 година, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи еден од најголемите спортски настани во поновата македонска историја – ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“.

 

Овој уникатен настан ќе ги обедини на едно место најголемите македонски ракометни имиња од изминатите децении:

Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Влатко Неданоски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓоргоноски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Александар Царчев.

Покрај домашните легенди, на настанот ќе учествуваат и интернационални ѕвезди кои оставија неизбришлива трага во европскиот и светскиот ракомет:

Арпад Штербик, Иван Чупиќ, Тимур Дибиров, Игор Карачиќ, Лука Циндриќ, Ласло Наѓ, Страхиња Милиќ, Сташ Скубе, Даниил Шишкарев, Даинис Криштопанс, Хорхе Македа, Ивано Балиќ, Игор Вори, Домагој Дувњак, Кристијан Дисингер, Ренато Вугринец.

Присуството на овие имиња гарантира спектакл кој ќе ја врати магијата на спортот, ќе ја обедини публиката и ќе донесе незаборавни моменти што ќе останат врежани во спортската историја на Македонија.

Овој настан е како дел од прославата на 20 години Спортско радио 90,3 ФМ, единствениот специјализиран спортски медиум во Македонија, кој веќе две децении е гласот на спортот и верен следбеник на сите спортски херои и успеси.

Датум и место

📅 29 октомври 2025
📍 СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

„Легендите на сцена“ е повеќе од ракометен натпревар – тоа е празник на спортот, чест кон генерациите кои создадоа историја и инспирација за идните генерации.

Не пропуштајте ја најголемата ракометна ноќ на годината! 🌟

 💬 За повеќе информации и резервации:
📧 sportskoradio@yahoo.com
📞 070 303903

🔝 Спортско радио 90.3 FM – 20 години спорт и страст во Македонија!

Поврзани вести

Масар Омерагиќ: Во нашата квалификациона група за Светското првенство секој може секого да победи

Mijalce Durgutov

Џуд Белингем – меѓу победата и парите …!!!

Mijalce Durgutov

Скромниот Мрме, неимар на репрезентативната фудбалска приказна

Goran Kotevski
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok