Skok
Лига на конференции

Нион донесе среќа за Вардар

Денешно инфо од жрепката на UEFA во Нион за натпреварувачката сезона 2025/2026 година во Лига на шампиопни и Лига на конференции.

Во Лига на Европа – Македонија нема претставник.

ВАРДАР СКОПЈЕ

По 18 години чекање и освојување на Купот на Македонија, летово Вардар излегува на европска фудбалска сцена. Жрепката беше фантатсично добра за црвено-црните кој го добија противникот за првото квалификациско коло од Лигата на Конференции.

Вардар својот нов европски пат ќе го почне од Сан Марино каде што ќе му гостува на тимот на Ла Фиорита. Повеќе од посакуван противник ако се знае дека во комбинација беа и Дуделанж од Луксембург и Сутјеска од Црна Гора.

Вардар своето европско деби летово ќе го има на 10 јули, додека пак реваншот ќе биде на 17 јули во Скопје.

РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ

Македонскиот прволигаш Работнички Скопје доби посакуван противник за првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Романтичарите ќе ги одмерат силите со екипата на Toрпедо од Белорусија.

Првиот натпревар ќе се одигра на 10 јули вна гости, а возвратниот дуел седум дена подоцна во Скопје.

СИЛЕКС КРАТОВО

Противник на нашиот вицешампион Силекс во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА ќе биде екипата на Дечич од Црна Гора.

Натпреварите се играат на 10 и 17 јули.

ШКЕНДИЈА ТЕТОВО

Во првото квалификациско коло од Лигата на шампиони, тимот на Шкендија ќе игра со TNS од Велс. Со овој тим Шкендија играше во 2018 година и беше поуспешна.

Мечевите се играат на 8/9 односно 15/16 јули.

П.С. МИРИСА НА УЕФА ПАРИЧКА ЗА СИТЕ НАШИ ПРЕТСТАВНИЦИ

Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok