Skok
Репрезентација

Воздржани и минимални медиумски активности на репрезентацијата

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија најави воздржани медиумски активности на репрезентација пред гостувањето во Лихтенштајн.

Одлуката е донесена како почит кон жртвите и настраданите од трагичниот настан во Кочани кој ја зави Македонија во црно.

Во таков тон и координација на селекторот Благоја Милевски и репрезентативците се одвиваше и денешниот собир во Скопје на стартот на подготовките за двата квалификациски натпревари против Лихтенштајн (22 март) и против Велс (25 март) во циклусот квалификации за СП 2026.

Одложени се и пријателските натпревари на репрезентацијата на Македонија (под 16 години) против селекцијата на Естонија кои требаше да се одиграат во Скопје.

Поврзани вести

Добро утро Порто … Добро утро Македонијо …!!!

Goran Kotevski

ГУЖВА ПРЕД ГОЛ …!!!

Natasa Petrovska Durgutov

Ристовски и Ќамили отпаднаа заради повреда, Тошевски дополнително повикан

Mijalce Durgutov
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok