Пријатен фудбалски викенд на сите кои (повеќе од 25 години) навиваат и го сакаат ФК Вардар. Поздрав до “Фудбалерот на векот” кој беше прогласен за таков од Редакција СКОК и кој го заборави тоа …
И, да го потсетиме (како тема) за неговото најавено трето продолжение во серијалот “Соопштенија до јавноста” дека Puraman, диво вселениот и отпосле легализиран извршен директор, истиот тој кој му забрани присуство на северната трибина на градски, беше СПОРТСКИ ДИРЕКТОР на ФК Вардар во периодот меѓу неговите два мандати на ИСТАТА ФУНКЦИЈА …!!!
На фотографијата (прес-конференција на Puraman како директор на ФК Вардар) на десната маса се Воин Трајковски – Војче (“Нова Македонија”), Миољуб Миладиновиќ – Шишко (“Вечер”) и Бранко Давидовски – Мајка (Македонско радио), тројца спортски новинари кои цел живот пишуваа и информираа за ФК Вардар (Бранко играше и за младинските категории на ФК Вардар). За жал, тројцата покојни…
Имајте пријатен викенд, мои драги вардарци …
П.С. УШТЕ ПРЕД 20 ГОДИНИ ФК ВАРДАР ОТСЕКОГАШ БИЛ ВО ФОКУСОТ НА ИНТЕРЕСИРАЊЕТО НА МЕДИУМИТЕ (така барем пишува во легендата под фотографијата што ја гледате).