Skok
Фудбал

Само 14 држави немаат претставник во УЕФА куповите

Од вкупно 54 држави кои се членки на фудбалската фамилија на УЕФА, само 14 немаат ниту еден свој претставник во трите натпреварувања: Лига на шампиони, Лига на Европа и Лига на конференции

Фудбалската евро-сезона 2024/2025 година е во полн ек, се играат натпревари според новиот концепт на УЕФА воведен од оваа актуелна сезона. Во трите новоформирани лиги играат по 36 клубови кои се рангираат во една единствена табела. Или вкупно играат 108 клубови кои доаѓаат од 40 држави или фудбалски земји кои се членки на УЕФА.

Во оние 14-те фудбалски земји кои немаат ниту е ден претставник во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на конференциите е и Македонија. За жал, и годинава како и многу години претходно, нашите клубови немаат квалитет за да допрат до групната фаза на едно од овие три натпреварувања. Па, останува како историско учеството на ФК Вардар во Лигата на Европа (сезона 2017/2018 година).

Еве кои други држави немаат свои претставник: Лихтенштајн, Сан Марино, Андора, Малта, Гибралтар, Естонија, Литванија, Фарските острови, Косово, Луксембург, Грузија, Црна Гора, Албанија и Република Ирска.

Интересно е како се распоредени клубовите според нивната бројка и која од државите по свои претставници има во секое од трите натпреварувања.

Лига на шампиони (вкупно 16 држави имаат свои претставници):

5 клубови: Италија и Германија
4 клубови: Англија, Шпанија и Франција
2 клуба: Португалија, Австрија и Холандија
1 клуб: Србија, Хрватска, Швајцарија, Украина, Чешка, Белгија, Шкотска и Словачка.

Лига на Европа (вкупно 22 држави имаат свои претставници):

3 клубови: Турција и Холандија
2 клуба: Англија, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Грција,
Белгија, Португалија, Чешка и Шведска

1 клуб: Шкотска, Норвешка, Бугарија, Украина, Данска, Унгарија,   Азербејџан, Израел, Романија и Летонија.

Лига на конференции (вкупно 28 држави имаат свои претставници).

3 клубови: Кипар
2 клуба: Белгија, Австрија, Швајцарија, Полска, Словенија и Шкотска.
1 клуб (вкупно 21 држава имаат по еден претставник).

Интересно е што во Лигата на конференции свои претставник немаат фудбалски земји како Франција и Холандија.

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани вести

SUPERCUP SKOPJE 2017 – ДОКАЗ ДЕКА МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ БИЛА ФУДБАЛСКА ПРОВИНЦИЈА

Goran Kotevski

Струга Трим Лум ја чека пеколна жрепка во Лигата на шампионите

Natasa Petrovska Durgutov

На литар кригла пред „Wanda Metropolitano“

Goran Kotevski
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok