Фудбалскиот тим на Струга Трим Лум вторпат едноподруго ќе игра во квалификационото коло на Лигата на шампионите. На коло пред крајот на Првата македонска фудбалска лига стружаните го обезбедија првото место и веќе почнуваат да размислуваат за стартот на квалификационите натпревари во Лигата на шампионите кои се закажани за 10/11 јули (први натпревари) и 16/17 јули реванши.
Македонскиот шампион е во барабанот на не носители со скромен коефициент од 3,500 и рангирање на 327 позиција на ранг-листата на УЕФА (кликни линк)
https://www.uefa.com/nationalassociations/uefarankings/club/?year=2024
Како можни противници на Струга Трим Лум се:
ФЦСБ (Романија), Карабах (Азербејџан), Слован Братислава (Словачка), ХЈК Хелсинки (Финска), Лудогорец (Бугарија), Флора Талин (Естонија), Ференцварош (Унгарија), Класвик (Фарски острови), Шамрок Роверс (Ирска), ТНС (Велс) …
Жрепката за првото квалификационо коло е закажана за 18 јуни во Нион (Швајцарија).