На коло пред крајот на сезоната 2023/2024 година на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) разрешени се сите енигми. По денешните резултати (32.коло ПМФЛ – 12 мај) фудбалската сезона 2023/2024 година, едноставно, ПМФЛ е завршена на коло пред крајот (19 мај-недела):
– Струга Трим Лум е шампион (ја одбрани титулата);
– Шкендија ќе игра во квалификационото коло на Лига на конференции;
– Шкупи останува без пласман во еврокуповите под капата на УЕФА;
– Вардар ќе игра бараж натпревар за опстанок во Првата лига против Плачковица Детонит (Радовиш);
– Македонија Ѓорче Петров испаѓа во Втора лига (актуелен освојувач на Купот на Македонија);
– Брегалница Штип испаѓа во Втора лига;
– во финалето на Купот на Македонија (22 мај – среда во Скопје) ќе играат Тиквеш-Воска спорт (победникот ќе игра во квалификационо коло во Лига на конференции);
Во Првата фудбалска лига се пласираа Беса и Пелистер.
Подолу на линкот е прашањето кое го отворивме пред почетокот на пролетниот дел од сезоната – кој ќе извиси од трите челни клубови кога е во прашање излезот на европска фудбалска сцена.
Кликнете и погледнете, можете и бесплатно да се претплатите и да го следите Youtube каналот Durgutov со што ја давате вашата поддршка.
https://youtu.be/2DRwxDjVjT8?si=79W-JGq4Au6DBJxe