Последната емисија на нашиот Youtube канал посветена на новите ветришта кои дуваат од Вардар е рекордно гледана за само 10 часа.
https://youtube.com/@mijalchedurgutov2406
Истата предизвика реакции од јавноста заради недореченоста и (по малку) чудесното завршување на емисијата … Нејсе, оправдано и на место од сите кои го сакаат ФК Вардар.
Потенцирам:
- Од 28.06.2023 година клубот има в.д. раководство олицетворено во претставници на навивачката група Комити која го доби на писмено комплетниот пакет на акции на клубот;
- Поранешниот сопственик Слободан Крстевски-Цобе (од летото 2021 до 28.06.2023) е без ингеренции и надвор од клубот;
3) Од в.д. раководството во писмена форма се доставени предлози до УЈП/Влада на РМ за помош и логистика на законски начин да се реши долгот на Вардар наследен од Сергеј Самсоненко (оставен како таков летото 2021 година) и до АД ПУИГ за трансформација на нивните побарувања во акционерски влог во клубот;
Ова го направи новото в.д. раководство за еден ден по преземање на клубот откако сопственикот во заминување на писмено им ги предаде акциите на клубот. Оваа постапка ќе се заврши формално правно во наредниот период и тоа најбрзо што може во зависност од законските рокови и надлежни институции.
Вчера (28.06.2023) имаше отворен интерес од бизнисмен од нашиот јужен сосед околу финансиската кондиција и актуелна менаџерска поставеност во клубот, односно интерес како скенирање на ФК Вардар и можностите за финасирање во неговата иднина со две опции: чист спонзорски договор или купување на дел од акциите.
Со други зборови, од вчера секој кој е заинтересиран за Вардар, може да се обрати до в.д. раководството и под прецизни услови да разговара за негов ангажман во Вардар.
Неофицијално дознаваме дека, барем засега, нема опција за нов сопственик, туку единствено за спонзорство и купување на малцински дел од акциите. Од причини што клубот веќе е во финишот на цврсти и децидни преговори со 12 скопски општини и Град Скопје.
Нема повеќе играње и манипулирање со ФК Вардар …