03.08.2023 by Natasha Petrovska Durgutov
Системот на UEFA во нејзините три натпреварувања (Лига на шампиони, Лига на Европа и Лига на конференции) со кој малите тимови добија извонредна шанса да заработат големи пари, прави нови чуда. Најновото чудо доаѓа од Фарските острови …
Екипата на КИ Клаксвик ја “шекна” Европа. Овој тим е првиот од Фарски Острови кој обезбедил пласман во групната фаза во некој од трите европските купови.
КИ Клаксвик го елиминира шведскиот шампион Хакен (подобро изведување пенали) и обезбеди пласман во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Доколку во наредната рунда биде елиминиран од норвешкиот Молде, КИ Клаксвик ќе продолжи во плејоф за пласман во Лигата на Европа.
Во случај да биде елиминиран и таму, автоматски ќе биде дел од групната фаза во Лигата на конференциите.
Досега само седум земји немале свој тим кој играл во групната фаза во некој од трите европски купови. Тоа се: Босна и Херцеговина, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн, Црна Гора, Малта и Северна Ирска.
Вардар во сезоната 2017/2018 година ја спаси честа на Македонија кога играше во Лигата на Европа и заработи 3.100.000 евра.