Skok
Прва лига

СЕП БЛАТЕР И СТРУМИЧКИТЕ РЕФЛЕКТОРИ …!!!

04.08.2023 by Natasha Petrovska Durgutov

Пред 20 (и кусур) години легендарниот Сеп Блатер ги “светна” рефлекторите на фудбалскиот стадион “Младост” во Струмица. Првиот човек на FIFA стапна на струмичката трева во друштво на Ванчо Таковски, тогашен претседател на ФК Беласица Герас Цунев.

Подоцна, коруптивното дејствување го испрати Блатер “во мировина”. Славниот Бате Ване не напушти предвреме. После него почина и легендата на македонскиот фудбал Благој Истатов на кого градот му се оддолжи со одлуката стадионот во Струмица да го добие неговото име.

Стадионот остана да сведочи за сите фудбалски спектакли кои се одиграле на неговата трева. Остануваат фотографиите и спомените кога на старите трибини имало по 5.000 гледачи како нормална редовна посета.

Така беше и во април 2002 година кога на трибините на стадионот во Струмица имаше 6.000 гледачи. Играа Беласица и Вардар. Дуелот го доби домашниот тим и со голот на Атанасов во 91 минута. За Беласица тогаш играа и Роберт Попов, Мазнов, Балдовалиев, Стојанов, Алчинов … Вардар загуби, Беласица остана во трката за првото место.

Како новинар на Дневниот весник СКОК, заедно со струмичкиот дописник Масев (брат на пратеникот Ичо Масев и чичко на фудбалерот Deni Masev ) го направивме извештајот од овој натпревар на кој вардарецот Ристо Божинов заработи скршеница на ногата, а надвор од стадионот полицијата имаше многу работа …

Во првото коло од сезоната 2023/2024 година во Струмица играат Брера-Вардар. Натпреварот ќе се игра на спортскиот комплекс “Академија Горан Пандев” каде на постојните седишта ќе се монтира трибина за гостинските навивачи. Тоа ниту од блиску не е до бројката од 5-6.000 гледачи.

На 100-на метри подалеку, тревата на стадионот “Благој Истатов” ќе остане незгазната, а рефлекторите на Сеп Блатер нема да светнат.

Зошто е тоа така и дали може(ше) и треба(ше) да биде поинаку … ???

Одговорот се наоѓа во истражувачката сторија на тема: македонскиот фудбал вчера, денес и утре …

 

Поврзани вести

КРАЈ НА МАНИПУЛАЦИИТЕ СО ВАРДАР …!!!

Mijalce Durgutov

СО СЕЗОНСКИ БИЛЕТ ДО 500.000 ЕВРА КЛУПСКИ БУЏЕТ

Natasa Petrovska Durgutov

БЕЗ ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА – САМО ВАРДАР …!!!

Mijalce Durgutov
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok