Аплауз од новинарите за Гвардиола кој откри дека утрово добил порака од Алекс Фергусон која ја прочитал со многу емоции (не сакаше да ја сподели содржината на пораката) …
– Јас сум добар менаџер, но не до толку добар за да победувам секоја година со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Лани не елиминираше Реал Мадрид, годинава ние победивме, – рече Пеп Гвардиола.
Менаџерот на Сити имаше уште едно емотивно обраќање кон новинарите кога рече:
– Пред точно 14 години во финалето во Рим (2009 н.з.) првпат ја освоив Лигата на шампионите како менаџер. А, знаете, бројот 14 е број на Јохан Кројф.