Како што пишав пред три дена, односно најавив дека финалето на Светското фудбалско првенство 2026 година ќе се игра во Америка, ете го на ачик пред светот како остварено нешто.
Денес (04.02.2024) FIFA го објави комплетниот распоред на 104-те натпревари на Светското фудбалско првенство 2026 година.
За тие што не знаат, домаќини се: САД Канада и Мексико (првпат во историјата три држави).
Американците и овојпат (надвор од долгогодишната надворешна политика) потврдија кој е кој на земјата планета, па од 104-те мондијалски натпревари си “присвоија” дури 78. Таман толку мондијалски фудбалски дуели ќе се играат на 11-те стадиони во САД.
Сите натпревари во последните два круга ќе се играат во САД. Финалето ќе се игра во Њу Џерси/Њујорк на Џајантс стадионот (1994 на овој стадион се играа натпревари од тогашниот мондијал), натпреварот за третото место ќе се игра во Мајами, а двете полуфиналиња во Далас и Аталанта.
Отворањето е во Мексико сити (11 јуни, четврток), финалето ќе се игра во Њу Џерси/Њујорк (19 јули, недела).
Бројките за натпреварите го велат следното:
Во Далас ќе се играат 9 натпревари;
Лос Анѓелес и Атланта (по 8 натпревари);
Хјустон, Мајами и Бостон (по 7 натпревари);
Сиетл, Сан Франциско, Канзас сити и Филаделфија (по 6 натпревари);
Канада и Мексико добија по скромно утешни 13 натпревари.
Ванкувер ќе организира 7 мондијалски дуели, Торонто 6.
Во Мексико главниот град Мексико сити ќе биде домаќин на 5 натпревари, а Гвадалахара и Монтереј ќе организираат по 4 натпревари.
Американците на голема врата го најавуваат “мондијалот” како спектакл за сите кои ќе сакаат да уживаат во него и соборување на сите можни верифицирани мондијалски рекорди.