Skok
ФудбалФудбал низ светот

Стадионот „Аптон парк“ урнат – ќе се градат станови …!!!

Мијалче Дургутов

Последниот натпревар се одигра во 2016 година на еден од попознатите стадиони во Англија во историјата. Денеска ништо не потсетува дека на тоа место топката се тркала повеќе од еден век.

Стадионот „Болејн Граунд“, попознат како „Аптон Парк“, беше дом на Вест Хем Јунајтед 112 години, а своевремено свои домашни натпревари игаше и Чарлтон Атлетик.

Меѓу другото, култниот стадион беше домаќин на победата на Вест Хем во полуфиналето на Купот на победниците на куповите над Ајнтрахт Франкфурт во 1976 година, нервозниот триумф во четвртфиналето на ФА Купот над Астон Вила во 1980 година и прекрасниот волеј на Паоло Ди Канио против Вимблдон во 2000 година. .

Беше и плодно тло за клупски и државни херои како што се освојувачите на Светското првенство Џеф Харст, Боби Мур и Мартин Питерс, како и познати фудбалери како Џо Кол, Френк Лампард и Рио Фердинанд.

„Чеканите“ решија да гледаат кон иднината, а не кон минатото и продолжија на новиот стадион, заменувајќи го „Аптон Парк“ со Олимпискиот стадион, кој беше изграден за ЛОИ во Лондон.

По заминувањето на Вест Хем од „Болејн Граунд“, стадионот беше продаден на градежни изведувачи за 38 милиони фунти. Стадионот потоа беше срушен, делумно од градежници и делумно за време на снимањето на филмот Final Score во 2018 година во кој глумат Пирс Броснан и Дејв Баутиста.

Оттогаш, областа каде што се наоѓаше култниот стадион е претворена во модерна населба со 842 луксузни апартмани кои чинат вртоглава сума.

Цените на недвижностите варираат. Становите со една спална соба се по цена од 350.000 фунти, а двокатните мезонети од најмалку 486.000 фунти. Вкупната вредност на становите е 340 милиони фунти.

Поврзани вести

Само 14 држави немаат претставник во УЕФА куповите

Mijalce Durgutov

ЛИВЕРПУЛ ГО НОСИ ПЕХАРОТ ДОМА …

Goran Kotevski

ПМФЛ: Без голови на дербито на истокот

Mijalce Durgutov
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok