Skok
Фудбал

Де Лаурентис пораќува: Догодина ќе ја освоиме и Лигата на шампионите …!!!

Наташа Петровска Дургутов

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, не ја крие гордоста по големиот успех на својот тим и освоеното шампионско скудето, трето за „наполитанците“ во клупската историја.

Наполи и лани беше во борба за титулата, а откако трофејот заврши кај Милан тимот го напуштија стандардни првотимци како Кулибали, Фабијан Риуз, Инсиње, Мертенс… Не само што тоа не се одрази негативно врз екипата, туку тренерот Спалети создаде моќен колектив кој низ целата сезона ги „мелеше“ противниците и далеку пред крајот го осигура големиот трофеј.

Де Лаурентис изјави дека ова не е никакво „чудо“ и дека очекува Наполи да продолжи да доминира на италијанската фудбалска сцена, најавувајќи и атак на пехарот во Лигата на Шампионите.

„Ова е голем успех, но не е никакво чудо бидејќи за него работевме напорно веќе подолго време. Ова е почеток на една нова ера во која Наполи ќе доминира и ќе освојува многу трофеи. Моја желба е догодина да ја освоиме и Лигата на Шампионите, искрено верувам дека сме способни за такво нешто. И сезонава бевме меѓу најдобрите екипи, но само поради судиските грешки бевме елиминирани. Ако УЕФА не ни прави такви сопки, догодина ќе бидеме сериозни кандидати за освојување на пехарот“, изјави Де Лаурентис.

Поврзани вести

Стадионот „Аптон парк“ урнат – ќе се градат станови …!!!

Mijalce Durgutov

Струга Трим Лум ја чека пеколна жрепка во Лигата на шампионите

Natasa Petrovska Durgutov

Скромниот Мрме, неимар на репрезентативната фудбалска приказна

Goran Kotevski
Вчитување ....

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Прифаќам Повеќе

Skok